Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На југот на Англија, во Хемпшир, трансродова жена игра фудбал залагајќи се за нејзините права и идентитет. Ова е приказната на 33-годишната Натали Вашингтон, во рамки на кампањата „Фудбалот против хомофобијата“.
„Првенствено почнав да се занимавам со фудбал бидејќи тоа е нешто што го прават момчињата додека растат. Уште од најрана возраст се чувствував различна. Како телото со кое сум родена да не е мое, како да не ми припаѓаше на мене. Во подоцнежните години се соочив со фактот дека сум трансродово лице. Се плашев од стигмата, прецепцијата на луѓето и нивниот однос кон мене. Секој ден земам лекови за да го потиснам нивото на тестостерон. За да ги избегнам несаканите ефекти, важно за мене е да останам во кондиција и да бидам активна. Знаев дека кога-тогаш повторно ќе посакам да играм фудбал.
Разгледував на интернет и најдов еден клуб кој со задоволство ме прифати. Но, откако се приклучив не бев во можност да се натпреварувам поради правилата на Фудбалската Асоцијација на Англија поврзани со трансродовите жени во фудбалот. Иако моето ниво на тестостерон е доволно ниско за да се натпреварувам како жена на Олимпијадата, Фудбалската Асоцијација сметаше дека тоа не е доволно ниско за да играм фудбал во аматерската лига.
Поминаа повеќе од три години откако не сум играла на натпревар и сѐ уште не знам уште колку долго ќе треба да чекам. Неможноста да играм женски фудбал прави да се чувствувам како мојот идентитет да не е прифатен. Но кога конечно ќе стапнам на теренот, ќе бидам подготвена и ќе се чувствувам пријатно онаква каква што сум. Сакам да бидам видлива како трансродова жена во фудбалот со надеж дека тоа ќе помогне на многу трансродови луѓе да се вклучат во играта и да се запре стигмата“, вели Натали во видеото.
По снимањето на ова кратко видео, во меѓувреме Натали конечно добила дозвола повторно да игра на фудбалски натпревари. Таа сега заздравува од операцијата за промена на полот и со нетрпение ја очекува новата сезона.
Извор: Queer