Приказна за пчелата – кралски симбол и преносителка на душите на оној свет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„И во тој миг кога на свет дојдоа пчелките – расцути целата планета!”

Да ви раскажам една интересна приказна за пчелките!

Поточно за еден вид на пчелки, кој на латински се нарекува Apis mellifera macedonica, а е за прв пат забележана како подвид на западноевропската пчела во 20-ти век, од страна на одреден германски научник.

Интересен е фактот што името го добила поради тоа што овој вид на пчелка се јавува само на територијата на етничка Македонија, значи покрај тука кај нас, се среќава и во северниот регион на Грција, како и во западниот регион на Бугарија.

Овој вид на пчелка живее во темни места по карпи, пештери, а е посебна по тоа што не е толку агресивна како западниот вид на пчела, но од друга страна поадаптивна на климатски промени.

Има сè уште луѓе во Македонија кои го одгледуваат овој вид на пчели, и тоа на традиционален начин.

Пчелката, како кралски симбол, е позната уште кај древните народи. Познатата маска од Требеништа, од 5-ти век п.н.е., од пајонски тип, на челото има јасно изгравирана пчелка.

Во тоа време се верувало дека пчелката ја пренесува душата од овој во другиот свет, токму поради тоа што пчелката живее во темни предели, но истовремено излегува, собира храна и ги опрашува растенијата.

Пчелките навистина се појавиле во моментот кога природата решила да му подари на светот – цвет! Кога почнале растенијата да цутат, се појавиле и овие мали опрашувачи на природата, и со нивната секојдневна работа, на магичен начин ја довеле природата во совршен баланс.

Според ‘вкусот’ на пчелките е изградена природата на овој свет! Тие цветови кои успеале да им го привлечат вниманието преживеале, другите изумреле!

Пчелките се заслужни за хемискиот баланс на планетава, без нивната активност овој свет би можел да биде многу потоксичен за развој на живот.

Ова ја прави пчелкава од витално значење за постоењето на целата природа, а со тоа и целиот екосистем на планетава!

Ако се водиме по верувањата на древните народи, тогаш пчелката навистина ни е спасот за душите!

Извор: Перо Сарџоски