Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дојава за бомба ги крена на нозе вработените во скопскиот трговски центар Сити Мол.
Лице кое се претставило како вработен во трговниот центар пријавил во полицијата дека има поставено бомба. Од МВР потврдуваат дека екипи на Единицата за антитероризам се на терен и дека се работи на утврдување на тоа дали навистина е поставена експлозивна направа или се работи за лажна дојава. Се врши и евакуација на лицата кои се внатре.
Обезбедувањето на трговскиот центар во моментов, заедно со полицијата повикува по еден од вработените во локалите во Сити Мол да дојдат како одговорни, додека полицијата врши претрес на истите, јавува екипата на „Слободен печат“ од терен.
Граѓаните вознемирени и испаничени: „Ни рекоа смирено да го напуштиме трговскиот, не ни кажаа зошто“.
Полицијата не пронашла бомба во тоалетите и во ходниците и сега ги пребарува локалите, за чиј претрес е потребно присуство на некој вработен.