Пријанка Чопра: Би сакала да се кандидирам за премиерка на Индија, а Ник за претседател


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во новото интервју за The Sunday Today, Пријанка Чопра отворено говореше за расистичката злоупотреба, пријателството со Меган Маркл, но и нејзината желба да влезе во светот на политиката во Индија.

„Би сакала да се кандидирам за премиерка на Индија, а Ник да се кандидира за претседател“, вели Чопра алудирајќи на нејзиниот сопруг Ник Џонас, и додава: „Не сакам ништо што е поврзано со политика, но знам дека и двајцата сакаме промени. Никогаш не вели никогаш“.

Зборувајќи за пријателството со Меган Маркл, Чопра тврди дека војвотката од Сасекс и понатаму е истата личност каква што ја запознала пред да стане дел од британското кралско семејство.

Чопра и Маркл се познаваат уште од времето пред Меган да почне да излегува со принцот Хари. Вели дека за неа било тешко да ги слуша критиките кои ги трпи Меган откако стана член на британската монархија.

На прашањето на новинарката дали таквите критики од јавноста можат да се сметаат за расистичка злоупотреба, Пријанка вели: „Секако дека сето тоа е поврзано со расизмот. Меѓутоа, убавината на Мег е во тоа што таа остана своја низ сето ова. Многу луѓе ја запознаа кога веќе беше со Хари, но јас ја познавам од претходно и таа е истата жена“.

Актерката смета дека Меган денес паметно ја користи својата позиција за да проговори за проблемите кои уште се блиски до нејзиното срце.

„Таа зборува за нештата за кои отсекгаш говорела, само што сега тоа го прави на друго ниво. Имаме поминато многу часови разговарајќи за тоа како разликите влијаат врз дијалогот, така што она што го гледате сега како Меган Маркл е автентичната таа како личност. Секогаш била девојка која сака да ги поправи нештата“, објаснува Чопра.

Таа го критикува односот на британските медиуми кон Меган, но смета дека војвотката добро се носи со сето тоа.

„Ако сето тоа некој може да го издржи, тоа е таа“, заклучува актерката.