Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кремљ денеска предупреди дека шефот на озлогласената воена група Вагнер, Евгениј Пригожин наскоро би можел да биде цел на обид за атентат.
Иако се шпекулира дека Пригожин налутил многу блиски сојузници на Путин со неговите потези во Украина, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека Пригожин всушност треба да го загрижуваат властите во Киев.
Самиот Пригожин претходно денеска изјави дека бил информиран дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, наводно се сретнале за да разговараат за неговото убиство.
„Тоа е повеќе прашање за безбедносните служби“, им рече Песков на новинарите на прашањето за можниот атентат.
„Но, што се однесува до обидите за атентат, Украина е вмешана и во обиди за атентат и во апсолутно монструозно убиство. Да се потсетиме на обидите за атентат што се случија, да се потсетиме на убиството на Дарија Дугина и така натаму. Очигледна е вмешаноста на режимот во Киев во такви обиди за атентат, така што постои таква опасност за нашите граѓани“, рече Песков.
Тврдењето за убиството на Пригожин дојде од Владимир Рогов, еден од проруските сепаратисти во областа Запорожје во Украина.
„Едно од барањата што Зеленски го постави за време на средбата со шефот на ЦИА беше убиството на шефот на Вагнер, Пригожин“, изјави Рогов за руските државни медиуми, без да прецизира од каде му се такви информации. Тој рече дека атентатот врз Пригожин би бил „повеќе од логичен“.
Пригожин преку својата канцеларија за медиуми изјави дека неговото убиство би било многу добра идеја. „Се согласувам дека е време да се елиминира Пригожин. Доколку ме контактираат, секако ќе помогнам“, рече тој.