Пригожин: „Вагнер“ заминува од Бахмут – нема со што повеќе да мелеме месо


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Шефот на руската приватна воена групација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, изјави дека неговите приватни сили ќе продолжат да се борат за официјална Москва и откако ќе се повлечат од источниот украински град Бахмут.

„Борците на Вагнер ќе бидат зачувани за следните операции во интерес на Русија“, го цитираат руските медиуми.

Пригожин во најновото видео кажа дека неговите луѓе следната недела ќе почнат да се повлекуваат од Бахмут, бидејќи имаат малку залихи на муниција и сè поголеми загуби, што, како што кажа, значи дека „повеќе немаат со што да мелат месо“. На каналот Телеграм Пригожин ја обвини руската воена команда за недостигот од муниција и кажа дека неговите сили ќе почнат да се повлекуваат на 10 мај.

„Зазедовме 95 отсто од Бахмут. За овие последни 5 отсто не играме никаква улога“, кажа Пригожин. „Немаме муниција и никој не комуницира со нас за враќање на полниот капацитет. Подобро е да ја спасиме нашата војска отколку да ја добиеме битката“.

Силите на Вагнер се користат во руските воени операции во повеќе земји. Позициите на Вагнер во Бахмут наводно од следната среда ќе ги преземат борците на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Битката за Бахмут се смета за најкрвавата во војната која почна со руската инвазија пред повеќе од една година. Руската државна агенција ТАСС соопшти дека руските сили контролираат 95 отсто од градот.