Пригожин се заканува дека ќе ги повлече трупите на „Вагнер“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Доколку трупите Вагнер не добијат муниција, тие ќе се повлечат од опколениот украински град Бахмут, упати закана шефот на руските платеници Евгениј Пригожин.

„Ако Вагнер сега се повлече од Бахмут, ќе се распадне целиот фронт“, вели Пригожин во видео објавено на Телеграм. „Ситуацијата нема да биде убава за сите воени формации кои ги штитат руските интереси“, се заканува Пригожин.

Видеото е објавено на канал кој шири вести на Пригожин и се поврзува со групата Вагнер. Пригожин тврди дека голем дел од муницијата која во февруари им била ветена на неговите трупи, сѐ уште не е испорачана. „Во моментов се обидуваме да откриеме што е причина за тоа – дали се работи за вообичаената бирократија или за предавство.“

Шефот на платениците на Вагнер редовно ги критикува генералите на врвот на руската армија и луѓето на високи позиции во руското Министерство за одбрана.

Од украинска страна вчеравечер е соопштено дека руските трупи „не престануваат да го напаѓаат Бахмут и околните места“. Генералштабот на украинската армија, меѓутоа, не дава податоци за евентуално освојување или загуба на територија.