Прифатен предлогот од Фетаи: Судот пресуди домашен притвор за Јанкулоска


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Предлогот даден од страна на специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, за изрекување мерка на претпазливост за осудената Гордана Јанкулоска беше прифатен од страна на советот од Кривичниот суд кој мерка забрана за напуштање на престојувалиштето, живеалиштето (домашен притвор) за бившата министерка за внатрешни работи.

Мерката на претпазливост е на сила се до правосилност на пресудата, рече судијаката Добрила Кацарска, која додаде дека доколку обвинетата не се придружува до определената мерка, судот може да определи друга мерка.