Home Актуелно При претрес кај крушевчанец најдени повеќе од 60 пушки, 60 пиштоли и над 2.000 парчиња муниција

При претрес кај крушевчанец најдени повеќе од 60 пушки, 60 пиштоли и над 2.000 парчиња муниција

При претресот на домот од 71-годишен крушевчанец полициските служби затекнаа над 60 пушки, повеќе од 60 пиштили и над 2000 парчиња ловечка и боева муниција.

– Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба изврши претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево. При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли, информира МВР.

За случајот е известен Јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…