Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Повеќе од триесетина лица загинаа при падот на турскиот товарен авион во село во близина на Бишкек во Киргистан. Авионот Боинг 747 паднал врз населено место во близина на меѓународниот аеродром Манас и неколку стотина метри се движел низ селото, уништувајќи повеќе од 30 куќи и најголем дел од жртвите се локални жители, а меѓу нив има и шест деца.
Кога чадот полека почна да се расчистува, видов дека во близина на авионот беше пилотот , тој лежеше во својот стол. Истрчав до него, видов дека мрда, ги исеков безбедносните појаси и го извлеков, го донесов тука поблиску до куќата, имаше крв на сите страни. Тој воздивна, но не рече ништо, а потоа дојде брзата помош и го ставивме во автомобилот, лекарите потврдија дека човекот е жив и дека му е потребна итна помош, изјави жител на селото.
Нашата куќа за среќа не е уништена, но мајката на мојата сопруга со нејзината сестра живее до нас. Тие беа покриени со остатоците, успеавме да ги извадиме . Пет лица живееја во таа куќа, но сите починаа, вели очевидец.
Јас и мојот сопруг, излеговме надвор веднаш. Бевме во потрага по другите жители. Најдовме еден човек, но од неговата уста течеше многу крв. За жал тој почина, а беше млад човек, наш сосед, додава жител на селото.
Првичните резултатити од истрагата спроведени по падот на авионот од страна на киргистанските власти укажуваат дека причина за уривањето на турскиот товарен авион е грашка на пилотот.
Киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев по несреќата потпиша указ со кој 17 јануари го прогласи за Ден на национална жалост поради инцидентот.
Атамбаев исто така издал наредба до киргистанското Министерство за вонредни ситуации да ја пружи сета неопходна помош на семејствата на загинатите и повредените и да ги преземат сите неопходни мерки за остранување на последиците од несреќата. Во истовреме и организацијата на Црвентата полумесечина на Киргистан започна со кампања за собирање на средства за смејствата на настраданите.
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу во телефонски разговор со својот киргистански колега Ерлан Абдилдаев, искажа жалење за трагедијата.