При напад во ноќен клуб во турски Бодрум убиена турска пејачка Тулу


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


При напад во ноќен клуб во турската туристичка дестинација Бодрум, во кој четворица напаѓачи отвориле оган врз гостите, беше убиена турската пејачка Хаџер Тулу.

Хаџер Тулу (40) чија најпопуларна песна има повеќе од 4 милиони прегледа на Јутуб е една од двете убиени лица во нападот на западот на Турција.

Според извештаите, непознат автомобил запрел пред ноќниот клуб „Медуза“ пред напаѓачите да влезат во објектот и да почнат да пукаат.

Се верува дека второто лице кое е убиено е сопственикот на клубот, додека четири лица се повредени.

Полицијата уапсила четири лица после прегледувањето на безбедносните камери и идентификацијата на користениот автомобил. Уапсените во моментов се на сослушување. Додатните информации засега не се познати.

Хаџер Тулу e родена на 10 април 1978 година во Измир во семејство на мигранти од Босна, пишуваат турските медиуми.

Тамошните медиуми пренесуваат дека Хаџер има 15 годишна ќерка. Познато е дека има постар брат Озан, а британскиот весник „Метро“ пишува дека завршила студии во областа за односи со јавност.