Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
54-годишниот австралиски планинар Нил Паркер поминал низ страшни маки и вистинска голгота после падот од шест метри висок водопад при што едната нога ја скршил толку лошо што речиси му се откинала. За да дојде до помош и да си го спаси животот морал цели два дена да лази за да помине само 3 километри до спасот.
Откако беше хоспитализиран во болницата во Бризбејн, Паркер раскажа низ какви маки поминал, откако паднал во водопад. Бил сам, а при падот го загубил мобилниот и во еден момент станал свесен дека ако сака да преживее ќе мора да се потпре на сопствените сили.
При падот се здобил со стравична скршеница на левиот зглоб, а глуждот на ногата му бил скршен и откачен.
Инаку искусен планинар и водич на од Бризбејн, Паркер пешачел во близина на мало село во моментот кога му се случил несреќниот пад.
„Се лизгав околу шест метри, направив sвезда, удирав во карпи и паднав во потокот“, раскажува Паркер. „Скршената коска на ногата ми ја прободе кожата, на која делумно се држеше. Кога ја видов ситуацијата, мислев дека ќе се спасам само ако ја искористам сопствената сила“.
„Се движев метар, можеби метар и половина, пред да се одморам“, им раскажа Паркер на новинарите во средата од болничкиот кревет. “Не можев да верувам. Требаше да изодам само три милји, но за тоа ми требаа два дена. Мислев дека никогаш нема да успеам”.
Паркер со себе понел опрема за прва помош и направил импровизирана штака за нозете со помош на лепенки и стаповите за одење. Имал и лекови против болки, вода и малку храна – слатки, енергетски стапчиња и ореви.
„Морав да си ја носам ногата, а нозете се навистина тешки кога не се поврзани со ништо. Се обидував да ја кренам и да преминам преку камењата. Го користев лактот и постојано се борев”, рече Паркер, додавајќи дека неговата желба да се врати на семејството му давала сила. „Сакав да бидам со моите деца“.
Паркер го забележал екипажот на хеликоптер кој прелетувал над таа област во вторникот и го пренесле во болницата во Бризбејн. Ортопедски хирург, Никола Вард, изјави за австралиската телевизија АБЦ дека Паркер добро закрепнува.
„Никогаш претходно не сум слушнала за одење со два скршени екстремитети“, додаде таа, истакнувајќи дека на Паркер ќе му требаат осум недели за да се опорави од повредите.