Презентиран новиот образовен концепт – еве како ќе изгледа реформираното македонско образование


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Две групи на задолжилени предмети, спојување на предметите во природни и општествени науки, две листи на изборни предмети и повеќе време минато во училиштето. Ова се клучните промени во новиот нацрт концепт за образование кое Министерството за образование и наука (МОН) го промовираше во јавноста а наиде на поделени реакции од стручканата, академската но и пошироката јавноста, пренесува Гласот на Америка.

Концептот е ставен на увид на јавноста и дебата а додколку се усвои ќе почне да се применува од учебната 2021 /2022 година кај учениците од прво и шесто дделение и во рок од пет години би требало целосно да се имплементира.

Новиот наставен план за основните училишта предвидува 8 задолжителни предмети доколку наставата се следи на македонски јазик односно 9 додколку наставата се изведува на друг јазик.

„Задолжителните предмети ќе бидат поделени во две групи. Едната ја сочинуваат мајчиниот јазик (македонски, албански, турски, српски, односно босански јазик) и математика, природни науки, општествени науки и англиски јазик, кои, како предмети ќе бидат застапени со различен фонд на часови во сите одделенија од прво до деветто. Предметот природни науки опфаќа содржини што традиционално припаѓаат на биологијата, физичката географија, хемијата и физиката, додека предметот општествени науки ќе опфати содржини што традиционално припаѓаат на историјата, општествената географија, граѓанското образование, религиите и етиката“, рече Виолета Петроска Бешка, универзитетски професор.

Она што допрва треба да се презицира и конкретизира е како ќе се оценуваат учениците по предметите природни и општествени науки каде со новиот концпет е предвидено спојување на физика, хемија и биологија во еден аисторија и географија во друг предмет. Часовите ќе ги држат различни професори во зависност од материјата која треба да се изучува на часот а оценката која треба да ја добие ученикот е една.

Од МОН велат дека тука ќе има континуирана соработка меѓу наставаниците за да може да се изгради една оценка за уленикот.

Втората група задолжитени предмети се оние кои го покриваат уметничкото образование, физичкото образование и техничко-технолошко-информатичкото образование. Меѓу задолжителните предмети наменети за учениците кои не ја следат наставата на македонски јазик се вклучува и македонскиот јазик кој се изучува во вториот и третиот период на основното образование, односно од шесто до деветто одделение.

Со новиот концепт се предвидува задолжителниот престој за учениците од прво до петто одделение во училишта кои работат двосменски да биде 5 саат на ден, од кои 3 до три и полсаати ќе бидат наменети за наставни часови. Додека, учениците од шесто до деветто одделение ќе престојуваат во училиште по 6 саати дневно, од кои 4 до четири и пол саати се посветени на наставните часови.

Покрај задолжителните предмети, училиштата ќе мора да понудат и две листи на изборни предмети. Едната листа е втор странски јазик за ученици и предвидува изучување на германски италијански, француски, руски или албански јазик. Сега учениците ќе избираат кој јазик сакаат да го изууваат наместо како што беше тоа досега училиштата да одлучуваат во нивно име.

Исто така научениците ќе им се нудат и слободни изборни предмети а листата ќе зависи од возраста на учениците.

Министерката за образование Мила Царовска повтори дека со спојувањето на предметите нема да се загубат работни места и додаде дека слабите резултати на учениците на меѓународни натпревари и критиките за содржибата на улебиците биле причина да се пристапи кон градење на нов концепт за образование.

„Прво ниту еден наставник нема да го изгуби своето работно место. Второ, очекувам од високообразовните институции да продолжат да создаваат нови кадри затоа што со новата концепција за основно образование очекуваме бројот на потребен кадар да порасне, во секоја научна дисциплина. Во меѓувреме ќе продолжиме да обезбедуваме значителна поддршка за сите наставници преку овозможување на кариерен и професионален развој, поголема автономија во реализацијата на часовите и подобри услови за работа“ рече Царовска.

Реакција околу новиот концпет имаше од „Асоцијација на Наставници по Историја на Македонија“ од каде соопштија дека не го прифаќаат концептот за реформа и обвинија дека програмата се изработувала тајно, без за тоа да бидат консултирани најповиканите – професорите по историја. „ Најавената програма се предвидува да биде имплементирана во неверојатно краток рок (септември 2021), што гарантира принцип на импровизација и оправдан страв во сериозноста на пристапот. Промоторите на т.н. концепт програма за реформа на основното образование, се повикуваат на лажни и неточни искуства во западноевропски земји, кои се лесно проверливи. Изобилството на висококвалитетни наставни и научни институции и кадри кои ги поседува нашата држава, иако меѓународно високо етаблирани и стручни во областа на своето делување, се заобиколени во изработката на програмата“ соти во реакцијата на Асоцијата.

Дел од членовите на МАНУ исто така не се согласуваат со намерата да се спои предметот историја со други предмети. Реагираа од Одделението за лингвистика и литература кои им дадоа поддршка на историчарите. Тие сметаат дека тајмингот е чувствителен а концептот може да ја деградира историската наука и да ја доведе во прашање автономноста на историската наука и на образовниот процес.

„Ние, членови на Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ искажуваме јавна поддршка на стручниот, компетентен и критички став на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје во врска со новиот реформски концепт на Министерството за образование и наука (МОН) на наставната програма по предметот ‘Историја’ во државата Македонија и се залагаме за транспарентен, стручен и одговорен однос кон историската проблематика и нејзиниот третман во сите степени на образовниот процес во нашата држава“, стои во соопштението на академиците.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ оценија дека министерката Царовска не понудила никакво дополнително објеснување на веќе постоечките инфромации ниту пак образложила како би се спровела реформата. За опозицијата е спорно што токму во овој момент се спојува историјата.

„Не стана збор за континуирана поддршка на наставниот кадар од релевантни институции, не стана збор за активација на службите за професионален развој на детето, што е неопходно бидејќи во концепцијата се предвидуваат изборни предмети од најмала возраст, не стана збор за можностите на училиштата да спроведуваат ваква настава и многу други битни елементи. Во концепцијата се бришат изборните предмети кои се групираат во природни науки и општествени науки. Тоа значи дека нема физика и хемија, интегрирани се, но нема ни историја и тоа во ваков момент на историски настани за Македонија кога се негира идентитетот, јазикот и историјата на нацијата, а целата концепција се прави со цел учениците да имаат функционално знаење, соодветно на општествените збиднувања и реалниот живот“, стои во писменото соопштение на ВМРО – ДПМНЕ.

Оттаму прашуваат зошто помалите етнички заедници нема да учат македонски јазик од прво одделение и додаваат дека поради посочените недостатоци но и бурните реакции во јавноста и кај научната фела е најдобро прграмата да се повлече и да се почне со креирање на нова.

Владата на вчерашната седница донесе заклучок со кој се налага спроведување на исцрпна јавна расправа во која покрај МОН и Бирото за развој на образованието би учествувале сите засегнати страни а со цел да се дојде до најдобри решенија, согласност и прфатеност од јавноста и професорите но и дека треба да се појаснат некои од прашањата што ги имаат граѓаните, наставниците, родителите и учениците за најавената нова концепција за образование.