Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Утрово, околу 6 часот и 30 минути, на автопатската делница Тетово-Скопје, во близина на надвозникот за село Добарце, се преврте камион со тетовски регистарски таблички, поради што сообраќајот се одвива во отежнати услови.
Според информации од СВР Тетово, возачот на камионот, од засега неутврдени причини, изгубил контрола над возилото по што се превртело, пренесува 360 Степени.
Возачот Ф.А (48) од Порој и совозачот Б.З. (29) од Селце се здобиле со повреди и се преврлени во тетовската Клиничка болница. Неофицијално се во стабилна состојба.
На местото увид извршила екипа на СВР Тетово. Се работи на утврдување на причините и околностите во кои се случила сообраќајната несреќа.
Сообраќајот на местото се одвива забавено и по една коловозна лента.