Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Автономен автобус без возач ги превезе првите патници преку шкотскиот мост Форт Роуд, со што беше одбележано пуштањето во функција на првата автономна линија за јавен превоз во Велика Британија.
Услугата, прва од ваков вид во светот, вклучува автономни автобуси кои ќе превезуваат патници помеѓу паркинг надвор од Единбург и железничка станица во градот.
Тест возењата ќе траат до 2025 година и секој автобус ќе има по двајца членови на екипажот – возач кој може да прискокне ако нешто тргне наопаку и кондуктер. Трасата е долга 22 километри, а по неа ќе поминуваат пет автобуси Енвиро 200 ЕВ со брзина до 80 километри на час.
Шкотскиот министер за транспорт Кевин Стјуарт беше еден од патниците на тестирањето на автобусот Стејџкоуч. Кога возачот за прв пат ги тргна рацете од воланот, кажа дека тој и другите патници се чувствувале безбедно.
„Сакаме луѓето повеќе да користат јавен превоз, или автобуси или возови. Правиме сѐ што можеме за да ги охрабриме да го сторат тоа. Покрај тоа, сите ние мора да придонесеме за намалување на емисиите на стакленички гасови и да ги користиме автобусите и возовите како еден од начините за да се постигне ова“, рече министерот. Автобусите досега поминаа милион тестови, а од понеделник ќе почнат да се превезуваат првите патници кои ќе треба да платат билет.