Претстојниот празничен викенд е викенд без ДДВ – еве што значи тоа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според в.д. директорот на Управата за јавни приходи, Фарук Омери, примарната цел на мерката „Викенд без ДДВ“ е враќање на повеќе пари кај граѓаните, поттикнување на потрошувачката, а со тоа и поддршка на домашната економија.

На подолг рок, како што рече Омери, МојДДВ значи и борба со сивата економија, секој граѓанин е инспектор на терен со тоа што бара да му се издаде валидна фискална сметка, а доколку истата не му биде издадена, ќе може да пријави во УЈП од каде што ќе бидат преземени соодветни мерки.

Тој објасни дека граѓаните во текот на претстојниот продолжен викенд односно 10, 11 и 12 октомври со купување на македонски домашни производи и услуги и компјутерска опрема, може да остварат поврат на ДДВ во целосен износ. Овој поврат ќе се реализира преку апликацијата МојДДВ, а враќањето на данокот ќе се врши на трансакциска сметка на граѓаните до крајот на октомври, односно 15 дена од денот на издадената фискална сметка. Граѓаните, фискалните сметки од овој викенд без ДДВ треба да ги скенираат во рок од три дена од денот на издавањето на фискалната сметка, а вкупниот промет на добра и услуги од викендот без ДДВ на кој е пресметан данок на додадена вредност да не го надминува износот од 30.000 денари по лице.

За целосна успешност на мерката, Омери апелираше и до трговците да ги разделат / означат правилно македонските производи и услуги од останатите, во фискалните апарати.

Во поглед на апликацијата МојДДВ, тој кажа дека има три категории на граѓани:

* Граѓани кои се регистрирани на e-ПДД и кои ја инсталирале апликацијата МојДДВ, оваа категорија си продолжува со скенирање како и досега;

* граѓани кои се регистрирани на e-ПДД а не ја инсталирале апликацијата МојДДВ, оваа категорија треба само да ја инсталира апликацијата МојДДВ и да започне со скенирање на фискалните сметки и;

* граѓани кои не се регистрирани на e-ПДД а со тоа и не може да ја инсталираат апликацијата МојДДВ, оваа категорија треба да се регистрира на веб страната е-ПДД за што треба да поседуваат валидна маил адреса, која ќе биде нивно корисничко име, и да креираат своја лозинка. Потоа да дојдат во просториите на УЈП заради нивна идентификација и верификација.