Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од утре во Македонија настапува жежок бран кој дополнително ќе ги покачи температурите.
Времето денес во Македонија ќе биде претежно сончево со умерен ветер од северен правец. УВ-9. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната температура од 20 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерен ветер од северен правец.
Под влијание на топол бран од понеделник следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Од среда до петок, во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.