Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес, на седница со една точка, претставничкиот дом на Конгресот денеска изгласа отповикување (импичмент) на Доналд Трамп со образложението „Поттикнување на бунт“.
За импичмент на Трамп гласаа и десет Републиканци во Конгресот, така што бројот на конгресмени кои сакаат да го видат Трамп надвор од Овалната соба на само неколку дена пред законскиот истек на неговиот претседателски мандат е 231, додека против гласаа 197 конгресмени.
Ова, сепак, не е крај. По Конгресот, треба да гласа и Сенатот на САД, каде што треба да гласаат две третини од сенаторите. За да му се отсвири крај на Трамп, потребно е за негово финално детронизирање да гласаат 17 Републиканци.