Претставен третиот сет мерки „тежок“ 355 милиони евра кој го усвои Владата за помош на граѓаните


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Владата го усвои и презентираше третиот пакет економски мерки со кои ќе ги помага македонските граѓани за полесно пребродување на кризата која се наметна со вонредните мерки заради епидемијата на коронавирусот.

Платежни картички за купување на домашни производи од 9.000 денари, ваучери за одмор од 6.000 денари, картички и ваучери за млади, викенд без ДДВ за сите граѓани. Техничкиот премиер Спасовски го презентираше третиот сет мерки кои го подготви владата за да им помогне на граѓаните и на компаниите погодени од корона кризата. Ќе се поделат околу 100.000 платежни картички со 9.000 денари за купување на домашни производи. А ќе ги добијат невработените со месечни приходи до 15.000 денари, како и граѓаните корисници на гарантирана минимална помош. Ќе може да се користат 30 денови, а за оваа мерка ќе се потрошат 16 милиони евра.

Исто околу 100.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6.000 денари и домашна платежна картичка од 3.000 денари. Граѓаните ќе може да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме и домашниот туризам.Со оваа мерка се опфатенби сите вработени граѓани кои што примаат нето плата помала од 15.000 денари и немаат други приходи во 2018 година според УЈП- рече Спасовски.

Околу 100.000 млади ќе добијат ваучери и картички вредни 12 милиони евра. Тие од семејства со ниски примања ваучери на 6.000 денари за покривање на партиципацијата на факултетите или за сместување во студентски и ученички домови. Младите ќе може да аплицираат и за платежна картичка од 3.000 денари за купување на домашни производи. А ќе има и ваучери од 30 000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини.

Паричен надоместок ќе добијат и сите работници кои изгубиле работа од 11 март до 30 април дури и ако потпишале спогодбен отказ.

Воведуваме викен без ДДВ за сите граѓани, преку поефтини цени за граѓаните. Поттикнуваме потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Очекуваме дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќесе слеат во македонското стопанство – рече Спасовски.

За опоравување на компаните ќе има бескаматни кредити, помош за стартапи и за извозно ориентирани компании, државна гаранција, поддршка за земјоделството.

Вработените на Клиниката за инфективни болести, Институтот и Центрите за јавно здрвје и тимовитена итната помош ќе добијат 20 проценти повисока плата за 2 месеци.

Според Спасовски ова не е предизборен поткуп на гласачи како што обвинува опозицита, туку справување со последиците од Ковид 19.

Третиот пакет тежи вкупно 355 милиони евра. Владата очекува со него да опфати 730.000 корисници.