Прецизен до минута: Пресметајте кога да си легнете за да станете наспиени – еве го калкулаторот за тоа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако некогаш легнуваме рано во кревет, наутро се будиме уморни и ненаспиени. Експертите истакнуваат дека не е доволно само да се легне порано, туку дека треба да се легне во точно време.

На интернет се појави Sleep Calculator кој врз основа на формула и податоци за сонот од областа на медицината, пресметува во колку часот точно треба да се легне, а според времето во кое треба да се стане. Темелен на циклусите на спиењето, а не на бројот на часовите.

Познато е дека човекот во текот на ноќта има пет или шест циклуси кои траат околу 90 минути. Луѓето се будат уморни ако алармот ги разбуди сред циклусот на спиење и поради тоа се јавува чувство на замор.

Ако треба да станете во седум часот наутро тогаш треба да легнете во 21:46 или 23:46 часот. Ако пак останувате надвор малку подолго, тогаш легнете во 00:46 или 2:16 часот.

Ако станувате во шест наутро тогаш легнете во 20:46, 22:16 или 23:46. Ако ги прескокнете овие часови, тогаш 1:16 е вистинско време.

„Добриот ноќен сон не се добива со рано одење во кревет, туку со будење во точно време. Со користење на формулата која се темели на нашиот природен телесен ритам, нашиот калкулатор ќе ви го пресмета точното време кога треба да одите на спиење” – наведуваат креаторите на овој КАЛКУЛАТОР.