Advertisements
Актуелно

Претседателските кандидатури од Силјановска и Пендаровски доставени во ДИК

Владејачката СДСМ ја достави кандидатурата на Стево Пендаровски во Државната изборна комисија потпишана од 32.000 граѓани. Шефот на изборниот штаб, Александар Кирацовски најави мирна и достоинствена кампања, која како што рече ќе го отсликува демократското општество, пренесува Макфакс.

Половина час по СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја достави кандидатурата на Гордана Силјановска Давкова до ДИК. Од партијата најавија европска кампања и дека ќе одат од врата до врата кај сите граѓани. На прашањето дали кандидатурата е поднесена за претседател на Северна Македоннија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски рече дека е факт дека името на државата е променето.

Пред два дена и Блерим Река ја достави својата кандидатура за претседател. До вечер истекува рокот за доставување кандидатури до ДИК.

Advertisements

Најпопуларно

To Top