Претседателските избори закажани за 21 април


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот круг на изборите за нов шеф на државата кој ќе раководи со претседателскиот мандат во наредните пет години е закажан за 21 април. Евентуалниот втор круг, ако претседателот не биде избран во првиот круг, ќе биде на 5 мај.

Претседателските избори треба да се распишат најдоцна до 8. февруари. Во однос на можноста за распишување парламентарни избори, Џафери таа одлука ја остава на политичките партии.

Од најголемата опозициска партија велат дека бојкотот и понатаму е опција, доколку не се исполни нивното барање заедно со претседателските, да бидат одржани и парламентарни избори.

Најавите за бојкот на претседателските се потврда дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка и бараат алиби за поразот што ги чека, реагираат од СДСМ

Во ДУИ, пак, се убедени дека со СДСМ ќе се договорат за претседателски кандидат кој ќе биде прифатлив и за двете партии и кој реално ќе ja отсликува кохезивноста на општеството