Home Актуелно Претседателски избори во САД 2020: Неколку клучни држави соопштија дека нема да можат за брзо да ги соопштат резултатите

Претседателски избори во САД 2020: Неколку клучни држави соопштија дека нема да можат за брзо да ги соопштат резултатите

За конечните резултати од претседателските избори во САД ќе почекаме уште некое време, бидејќи неколку клучни држави синоќа соопштија дека нема да ги објават тамошните резултати во текот на вечерта.

Изборните власти во Мичиген, Висконсин и Пенсилванија соопштија дека синоќа (по локално време) нема да можат да ги соопштат изборните резултати.

Мичиген носи 16, Висконсин 10, а Пенсилванија 20, што значи дека на вкупно 46, веројатно одлучувачки, електорски гласови ќе мора да се чека некое време.

Според Си Ен Ен Доналд Трамп има 132, а Џо Бајден 205 електорски гласови. Според АП, Трамп – 137, Бајден – 209. Според Фокс Трамп – 204, а Бајден – 227 електорски гласови.

Вкупно има 538 електроски гласови, а за место во Белата куќа потребни се 270.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…