Претседателот Стево Пендаровски се всели во претседателската вила на Водно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, вчера попладнето и официјално стапи на претседателската функција и се всели во резиденцијата на Водно.

Стево Пендаровски и официјално застанува на чело на државата. Од вчера е нов потстанар во претседателската Вила Водно. По два мандати или десет години на позицијата Ѓорѓе Иванов си замина од претседателската резиденција.

На свеченоста, со највисоки државни и воени почести му претходеше чинот на примопредавање на функцијата Претседател на државата .

Централниот настан, се одржа на седница во Собранието, каде новиот претседател беше инаугуриран. Покрај пратениците, првите луѓе на државните институции и верските заедници, судската фела, инаугурацијата ја следеа и претседатели на соседни држави и претставници на дипломатскиот кор во земјава.

Во своето прво обраќање како претседател од собраниската говорница, Пендаровски порача дека ќе и подаде рака на опозицијата за соработка. Лично рече дека ќе се ангажира во допломатските напори за добивање датум за преговори со ЕУ. Ќе се залага за подобрување на меѓуетничките односи но и подобрување на релациите со соседството.

Иванов не даде изјава, но на социјалните мрежи се заблагодари за укажаната доверба и поддршка.

На Вила Водно, по тет а тет средбата со Иванов, Пендаровски се сретна и со вработените во кабинетот. Таму ги пречека и претседателите на Бугарија, Румен Радев и на Албанија – Илир Мета, откако претходно во собранието одвоено се сретна со српскиот и косовскиот претседател, Александар Вучиќ и Хашим Тачи

Премиерот Зоран Заев не присуствуваше на инаугурацијата. На Пендаровски му честиташе преку видео порака. Му порача да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

На првиот ден од преземањето на функцијата Стево Пендаровски кратки средби оствари и со грчкиот министер за надворешни Јоргос Катругалос, министерот за надворешни на Црна Гора Срѓан Дармановиќ, заменик министерот за надворешни на Турција, Фарук Кајмакчи.

Фото извор: Гласот на Америка