Претседателот Пендаровски, Панчев и австрискиот амбасадор заедно го гледаат дуелот Австрија – Македонија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот претседател Стево Пендаровски го следи историскиот прв натпревар на македонските фудбалери на Европското првенство (ЕП) во друштво на амбасадор на Австрија, Георг Вуцас, чија репрезентација е нашиот денешен противник.

Во нивно друштво е и фудбалската легенда Дарко Панчев.

„Навиваме за нашите заедно со легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев. Навивачкиот дух го има и австрискиот амбасадор Вуцас. Верувам дека нема да нè ’скара‘ вечерашниот натпревар“, напиша Пендаровски на социјалните мрежи споделувајќи и фотографии.