Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска соопшти дека во овој момент нема потреба за продолжување на вонредната состојба, која истекува утре на полноќ.
Тој појасни дека досега до него не е пристигнато мислење од Владата за или против продолжување на вонредната состојба која на сила во континуитет е од 18 март.
Иако, како што рече, тој според Уставот има право и без Владата да донесе одлука за вонредна состојба во услови кога нема функционален Парламент, тој досега секогаш се консултирал со институциите кога се работи за клучни одлуки.
Неговата одлука да не ја продолжи вонредната состојба ја објасни со информациите од Владата дека има доволна количина медицинска и заштитна опрема и донесени се економски мерки за поддршка на домашната економија а за што има доволно средства во Буџетот.