Претседателот Пендаровски изјави дека францускиот предлог е прифатлив за него


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После завршувањето на состанокот на Советот за безбедност, македонскиот претседател Стево Пендаровски изјави дека модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ во оваа фаза е прифатлив за него.

-Предлогот се сведува на едно барање, да се внесат Бугарите во Уставот. Не верувам дека ова е судбинска дилема. Мојот став е дека со одлуката да го прифатиме предлогот е само за да ги отвориме преговорите. Одлуката да го прифатиме францускиот предлог нема да биде ниту историски триумф или историски дебакл. Според мене, ова е транзиционен процес. Предлогот за мене во оваа фаза е прифатлив, изјави Пендаровски.

На состанокот присуствува и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.