Претседателот Пендаровски до петок ќе го врачи мандатот за формирање на Влада

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓

Македонскиот претседател Стево Пендаровски до петок вечерта на полноќ ќе го додели мандатот за составуавње на Влада, и покрај тоа што поранешниот претседате на Парламентот, сега претседавач, Талат Џафери вели дека Парламентот не е констотутиран.

Пендаровски за ова прашање, како што велат од неговиот кабинет, се консултирал со експерти, а заклучокот бил јасен, дека Парламентот е конституиран на 4 август и дека тече 10-дневниот рок за доделување на мандатот.

„Во врска со прашањето, претседателот се консултираше со еминентни правни имиња и заклучокот беше јасен. За да се смета дека Собранието е конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор.

Претседателот Пендаровски, иако ги разбира мотивите на претседавачот Џафери, останува на неговиот став кој впрочем го потврдува и политичката практика во сите изминати години кога на власт биле различни политички опции“, ни изјави кусо од кабинетот на Пендаровски.

Инаку, Џафери, се уште не го испратил известувањето до Пендаровски дека Парламентот е конституиран, а синоќа изјави дека „неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови кои треба да ги следи Собранието, бидејќи на законодавниот дом роковите му започнуваат од моментот кога ќе го добие известувањето од шефот на државата дека мандатот е доверен. Неовластен човек не може да ги информира пратениците”.

Според него, ако мандатот за формирање на влада се довери без да има претседател на Собрание, тогаш се ризикува институциите да влезат во уставно-институционална криза, бидејќи претседателот нема кого да информира.

Од кабинетот на претседателот Пендаровски додаваат дека тој се повикува и на претходни случаи, односно заклучоци за конституирање на Собранието со потврда на мандото на пратениците.
Во 2016 година на пример, тогашниот претседавач на Парламентот го известил тогашниот претседател Ѓорге Иванов веднаш по верификувањето на мандатот на пратениците во декември, иако немаше избран ниту претседател на Парламентот, ниту мнозинство од 61 пратеник.