Претседателот на Виљареал: Судиите си заминаа од стадион со торби од Реал Мадрид!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Контроверзното судење на натпреварот помеѓу Виљареал – Реал Мадрид денес е главна тема во Шпанија и не престануваат критиките кон главниот судија Хил Манзано.

Веројатно клучен момент на средбата беше пеналот кој Хил Манзано го досуди при 2-1, кој сорд многумина е во најмала рака сомнителен.

Претседателот на Виљареал, Фернандо Роиг е разочаран од начинот на кој се делеше правдата и ги обвини судиите дека носеле клупски обележја по натпреварот.

Според правилата судиите не смеат да се обврзуваат на клупски обележја и единствено лого кое го репрезентираат е тоа на шпанската федерација.

„Хил Манзано и неговите помошници со пластични торби со обележјата на Реал Мадрид го напуштија стадионот. Мислам дека тоа не е добро, тоа е спротивно од правилата. После еден измислен пенал, не можеме да зборуваме за пресвртот на Реал Мадрид. Цел свет виде дека играта со рака е ненамерна и преходно топката допре во телото, а потоа во раката на Бруно, а тоа никогаш не е пенал. Горд сум на одиграното на моите фудбалери“, рече Роиг.