Актуелно

Претседателот на Судскиот совет Караџоски на распит во ОЈО за случајот со платите

Првиот човек на Судскиот републички совет, Зоран Караџовски, денес беше на распит во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје, во врска со случајот за покачените плати на членовите на Судскиот совет.

Во декември 2018 година членовите на Судскиот совет донесоа одлука да си ги зголемат нивните плати и платите на судиите за 35 отсто, со што нивните плати беа зголемени за 21.000 денари. Информацијата тогаш ја објави Синдикатот на УПОЗ од каде најавија и кривична пријава против Караџовски.

Кривичната пријава беше најавен токму поради двете одлуки за исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти за членовите на Судскиот совет и за ретроактивна исплата на додатоци за плата за септември и октомври.

Обвинителството испитува основаноста на донесените одлуки и ќе се истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на буџетот на Република Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со законот за плати на членовите на судскиот совет.

Advertisements
To Top