Претседателот на ПСЖ го најави најголемиот трансфер во историјата – Нејмар поблиску до Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи даде опширно интервју за француските медиуми и за прв пат ја подотвори вратата за заминување на Нејмар.

Ал Келаифи неодамна изјави дека Нејмар 2.000% останува на „Паркот на Принцовите“, но сега напомена дека тој што е незадоволен може слободно да си оди.

„Кој што не сака да прифати дека клубот е поголем од него, ќе мора да замине“, изјави Ал Келаифи, јасно алудирајќи на Нејмар.

Не е тајна дека Бразилецот не е задоволен во Париз и дека да се врати во Шпанија каде со раширени раце го чека Реал Мадрид.

Претставници на Нејмар наводно веќе два пати се сретнале со Реал Мадрид, а некои медиуми тврдат дека двете страни постигнале договор.

Доколку ПСЖ се одлучи за негова продажба сигурно ќе бара најмалку 250 милиони евра, што ќе биде најскап трансфер во историјата на фудбалот.