Претседателот на ПСЖ ги исмеа шпанските медиуми!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Пари Сент Жермен, Насер Ал Келаифи ги „исмеа“ шпанските медиуми поради написите дека Нејмар и Кавани ќе се преселат во Мадрид ова лето.

Претседателот на „светците“ уште еднаш беше категоричен дека двете големи ѕвезди ќе останат во тимот и следната сезона.

„За Нејмар кажав веќе 10.000 пати. Тој сигурно останува во ПСЖ. Самиот фудбалер е изморен од шпекулациите за неговата иднина. Неговиот татко ми потвди дека неговата иднина е во ПСЖ“, изјави Ал Келаифи.

Кавани исто така ќе остане, тој има договор за уште две години и е среќен во Париз. Шпанските медиуми се тие кои ги измислуваат овие стории. Ако им верувате, тоа е многу лошо за вас“, заклучи претседаетлот на ПСЖ.