Претседателот на нафтениот гигант Лукоил, Равил Маганов, почнал при пад од болнички прозорец


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на вториот по големина руски нафтен гигант Лукоил, Равил Маганов, почина во четвртокот откако паднал од прозорец на болницата во Москва, изјавил за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата.

Засега нема коментар од Лукоил, вели Ројтерс.

Маганов работеше во Лукоил од 1993 година, кратко време по основањето на компанијата, и го надгледуваше рафинирањето, производството и истражувањето, а претседател стана во 2020 година. Неговиот брат Наил е шеф на рускиот производител на нафта од средна големина Татнефт.

Равил Маганов беше близок соработник на еден од основачите на Лукоил, Вагит Алекперов.

Алекперов, поранешен советски заменик-министер за нафта, поднесе оставка од функцијата претседател на Лукоил во април, една недела откако Британија му го замрзна имотот и му забрани да патува како дел од санкциите поради воените дејствија на Русија во Украина.