Актуелно

Претседателот Иванов вечерва ќе се обрати по повод „1000 години Охридска архиепископија“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вечерва ќе се обрати на Свечената академија по повод јубилејот „1000 години Охридска архиепископија“, што ќе се одржи со почеток во 18:30 часот, во Катедралниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид.

Свечената академија ќе се одржи под покровителство на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот „1000 години Охридска архиепископија“, во периодот од мај до декември 2018 година, ќе бидат реализирани низа научни, академски собири, како и спортски, културни и уметнички активности.

Advertisements
To Top