Претпремиерно: Нов трејлер за Fifty Shades Darker


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За претстојниот ден на вљубените, Св. Валентин, најавена е светската премиера на продолжението на мегахитот Fifty Shades of Grey – Fifty Shades Darker.  

Во пресрет на премиерата, продуцентите објавија нов официјален трејлер за филмот, по оној кој беше претставен на почетокот на декември минатата година.

Во новиот трејлер, покрај инсертите објевени во претходното видео, се вклучени и нови сцени, кои вклучуваат маски, интриги и пиштоли, како и песната на Тејлор Свифт и Зејн Малик, I Don’t Wanna Live Forever.

Во ова продолжение Кристијан повторно се обидува да ја заведе Ана и да ја врати во својот живот, но таа ќе му постави услови пред да му даде втора шанса. Но, на повторната изградба на нивната меѓусебна доверба ќе влијае минатото на Кристијан, како и шефот на Ана.