Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денеска, среда, 27. јули, времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 37-от Целзиусов степен, Маврово 29, Охрид 33, Битола 35, Крива Паланка и Берово 33, Кавадарци 38, Дојран 39.
Утре од пладне и попладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневните температури ќе се движат од 24 до 36 степени.