Претпладне сонце, попладне дожд


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Попладне со зголемена облачност, а во вечерните часови со зголемената облачност во западните и северните делови ќе има локален дожд. Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират кон централните делови. Ќе дува умерен ветер од јужен и југозападен правец, кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе засилува. Минималните температури ќе се движат од 2 до 10, а максималните од 22 до 28 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево, а пладне ќе има зголемена облачност. Во вечерните часови со зголемената облачност ќе има појава на локален дожд. Врнежите во текот на ноќта ќе се почести. Ќе дува умерен ветер кој од крајот на денот ќе преминува во северен. Температурата ќе се движи од 8 до 26 степени.

Кон крајот на денот под влијание на влажен и студен воздушен бран, облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд, најпрвин во западните и северните делови, кои преку ноќта ќе се прошират кон централните делови.

Врнежите во сабота повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени. На планините ќе има и врнежи од снег, особено во северните делови каде снежната граница можно е да се спушти и под 1500 метри надморска височина. Од недела утринските температури ќе бидат ниски, а дневните во постепен пораст.