Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има повремен дожд особено на запад, каде што е можна појава и на ретки грмежи и повремено умерен дожд.
Утринските температури ќе се движат од 7 до 15 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 18 до 30 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 11 и дневна до 27 степени.
Во вторник врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југот и југоистокот дождот ќе е пороен и со грмежи. Во среда се очекуваат да наврнат и пообилни количества, а тогаш и ветерот ќе е посилен. Во следнава недела утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање, а дневните од четврток ќе се во пораст.
Во почетокот на оваа седмица се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.