Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Времето денеска променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на неврем со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Максималнат температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степени.
До недела под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќe има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Во текот на овој период на места ќе наврнат над 30 л/м2. Температурите ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Од понеделник ќе настапи постепено стабилизирање на времето со брз пораст на температурите.