Advertisements
Нобел

Пресврт во односот меѓу Google и Huawei

Откако американското Министерството за трговија соопшти дека одлучи да издадат 90-дневни лиценци за мобилни телефонски компании и даватели на интернет услуги за соработа со технолошкиот гигант од светот на мобилната телефонија „Huawei “, од Google најавија дека сакаат да ја продолжат соработката со нив.

Овој потег од Google го прават со цел да ги задржат постоечките онлајн мрежи и да ги заштитат корисниците од безбедноста ризик, пренесува “CNBC”.

„Google“ планира да продолжи со соработката со кинеската компанија во следните 90 дена, бидејќи САД ги ублажија своите ограничувања за компанијата, која е втора на листата на производители на паметни телефони во светот.

Оваа одлука доаѓа откако претходно од Google најавија дека ќе ја прекинат соработката со Huawei во рамки на употреба на нивниот оперативен систем Android.

Advertisements

Најпопуларно

To Top