Пресврт во истрагата за убениот навивач во Атина – според новите докази убиецот бил Грк?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Атинската телевизија „Нова“ тврди дека се случил пресврт во истрагата за убиениот 29-годишен навивач на АЕК, повикувајќи се на информации дека полицијата има отисоци од кои се заклучува дека убиецот на навивачот на АЕК е грчки државјанин.

Навивачите на Динамо Загреб направија хаос во Атина, но тие имаа поддршка и од фановите на Панатенаикос со кои се збратимени. Војната беше против ривалите од АЕК, најдебелиот крај го извлече едно 29-годишно момче кое им подлегна на повредите.

Се чинеше дека хрватски државјанин го направил убиството, но се случува пресврт во истрагата. Последните информации велат дека станува збор за грчки државјанин.

Ова уште не е потврдено, но ваквата информација ја пренесе Нова ТВ од Атина, која тврди дека отисоците на убиецот покажуваат дека се работи за грчки државјанин. Може да се претпостави дека се работи за фан на Панатенаикос.

Инаку, како што јави „НоваТВ“, во текот на целиот вчерашен ден, грчката полиција апсеше хрватски навивачи барајќи ги по хотелите и другите сместувачки капацитети во грчкиот главен град.

Грчката полиција привела 19-годишен Хрват осомничен дека учествувал во хаосот во Атина на грчкиот граничен премин Какавија кон Албанија. Наводно, младиот човек се обидел да избега од државата со автобус.

Хрватски навивачи, фанови на Динамо Загреб, кои биле учесници во хулиганскиот судир во Атина, денеска се обиделе да избегаат и преку Македонија. Едно комби возило со седуммина навивачи е сопрено на граничниот премин Евзони кон С Македонија, а во него биле пронајдени палки и ножеви. Навивачите се приведени.

Хрватската „НоваТВ“ претходно објави дека грчката полиција знаела дека во земјата доаѓаат хрватски навивачи. Се одлучила за т.н. дискретна придружба. Со свои возила ги следела навивачите се до Атина. Но таму, во милионскиот град, навивачите на Динамо Загреб, свесни дека ги следат, се разделиле и се упатиле во различни правци, а полицијата се изгубила незнаејќи кого да следи. Потоа, Хрватите се паркирале во некој парк, формирале група и го предизвикале инцидентот во кој загина еден грчки навивач, друг се бори за живот, а најмалку уште десет лица беа повредени. Полицијата уапси 96 лица, меѓу кои 82 Хрвати. Потрагата по други учесници во немирите вчера траеше цел ден.