Пресврт во една минута и пенал за финале – Реал приреди уште една фудбалска магија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид прво на неверојатен начин се спаси од пораз, а потоа и успеа да се избори за место во финалето против Ливерпул.

Допатува Сити во Мадрид со предност од Манчестер со 4:3, против Реал Мадрид на „Бернабеу“ секако тоа не беше резултат кој им гарантира финале.

Во првото полувреме видовме по некоја прилика и на двете страни, но изостанаа оние 100% прилики. Реал Мадрид во тие први 45 минути немаше упатено удар во рамките од голот.

На самиот старт од второто полувреме Винисиус Жуниор пропушти одлична прилика за изедначување. Карвахал одлично нафрли од десната страна, а Винисиус од неколку метри место да бира каде да шутира реагираше лошо и топката заврши покрај голот. Манчестер Сити преку Ријад Марез дојде до водство во 73. минута. Изгледаше во тие моменти како Сити широко да си отвори врата за битка со Ливерпул и ново англиско финале, но Реал Мадрид уште еднаш по кој знае кој пат го покажа својот карактер кој го краси во Лигата на шампионите.

Во 90. минута на сцена стапи Родриго кој изедначи по асистенцијата од Бензема, само минута подоцна истиот играч, сега по нафрлување од Асенсио со глава погодува за 2:1. Беше тоа резултат кој го однесе мечот во продолженија. Фоден во самата завршница од натпреварот имаше одлична прилика, но беше непрецизен.

Тие два гола го разнишаа Сити, тешко беше психолошки да се вратат. Реал од почетокот на продолженијата доминираше, а тоа брзо се исплатеше. Во 95. минута „кралевите“ добија пенал кој во гол го претвори Бензема. До крајот резултот не се промени, па Реал закажа финале со Ливерпул.

Финалето помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул ќе се игра на 28. мај.