Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Судечкиот совет од Основниот кривичен суд во Скопјена на чело со судијката Васка Николовска-Масевска, на 18 јуни ќе ја соопшти пресудата за случајот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.
Закажувањето на пресудата доаѓа откако денеска своите завршни зборови ги кажаа Јанева и нејзините адвокати, а вчера тоа го направи и Боки-13 со својот бранител.
Обвинителката Вилма Русковска, пак, завршните зборови ги даде на рочиште на 26 мај.
Истрагата за овој предмет обвинителката Русковска ја отвори лани на 15 јули. Оттогаш, Јовановски се наоѓа во притвор, а околу еден месец подоцна беше приведена и Јанева. Таа пресудата ќе ја дочека од домашен притвор бидејќи во ноември лани притворот во затворот во Шутка ѝ беше заменет со домашен.