Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Партијата Левица денеска преку својот фејсбук профил соопшти дека Основниот суд Скопје 2 го одбило барањето за забрана за спроведување на одлуката на Левица за самостоен настап на изборите како неосновано. Ова, како што соопштуваат од партијата, е уште еден правен пораз да се оневозможи учеството на Левица на предвремените парламентарни избори.
Основниот суд Скопје 2, со РЕШЕНИЕ бр. II Bпп-2 -164/16, го одби барањето на инфилтраторите за забрана за спроведување на легитимната одлука на Левица за самостоен настап на изборите, како неосновано! Согласно приложеното, јасно се гледа дека одлуката е статутарна и легална, уште повеќе донесена во демократска постапка, изгласана од мнозинството членови на Централниот комитет, соопштуваат од партијата.
Од Левица потенцираа дека огромното мнозинство од базата на Левица зазеде став за самостоен настап на предвремените парламентарни избори како и дека партијата не потклекнува пред овие саботажи досега невидени во политичката историја на Македонија.
Левица со својата креативна кампања ќе успее да стане парламентарна партија и да се бори за интересите на најзагрозените категории во нашето општество, велат од Левица