Престижниот The Guardian со статија за модернистичката скопска архитектура


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во статијата посветена на модернистичката архитектура во Скопје, со фотографска визуелизација на Васе Аманито за Blue Crow Media, престижниот весник The Guardian објаснува дека после уништувањето од страна на земјотресот о 1963 година, главниот град на Македонија беше обновен под покровителство на ОН во процес дефиниран од соработката и солидарноста на целиот свет.

Тим меѓународни архитекти, предводени од јапонскиот архитект Кензо Танге, ги поставија основите на една од најмоќните модернистички архитектури во 20 век.