Престижниот „Билборд“ предвидува можна победа на Македонија на Евровизија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Завчера, ден пред втората полуфинална вечер на музичкиот натпревар за „Песна на Евровозија“ кој се одржува во Експо центарот во Тел Авив, престижниот и славен магазин „Билборд“ (Billboard) прогнозираше дека претставничката на Северна Македонија, Тамара Тодевска, има реални шанси за победа на овогодинешното издание на „Евросонг“.

Светски познатиот музички магазин ,,Билборд” направил листа на песни кои би можеле да ја однесат годинашната победа на Евровизија, а помеѓу 12-те фаворити за прво место се наоѓа и песната на Тодевска.

Според прогнозата на ,,Билборд” зошто Северна Македонија може да победи на „Евровизија“, во нивното објаснување се вели: „Ова е прослава на жената низ времињата во стилот – И јас, исто така. Ќе се пронајдат многу гледачи кои гласаат, како и професионални жирија“.

Покрај тоа, во статијата објавена во магазинот пред втората полуфинална вечер, наведено е дека ова е прва година како ФИРОМ настапува под името Северна Македонија.

„Порано позната како ФИРОМ, земјата настапи на Евровизија за прв пат во 1998 година. Најдобар пласман со 12-то место имаше во 2006 година, со песната ,,Нинанајна” на Елена Ристеска. Ако Тамара Тодевска влезе во финале со песната која ја промовираше на Интернационалниот ден на жената, Осми март, тоа ќе биде прво појавување на Северна Македонија во големото финале, по 2012 година“ – информира ,,Билборд”.

Извор: Фокус