Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претставниците од македонското друштво „Илинден” од Тирана бараат итна средба на владини претставници од албанската и македонската страна со цел преземање итни мерки за спас на Преспанското Езеро.
„Актуелната состојба со Преспанското Езеро бара итно преземање мерки бидејќи езерото е на чекор до еколошка катастрофа. Тоа е едно од најстарите сочувани тектонски езера во светот, споменик на природата и дом на 1.500 ендемски видови животни. Но, според последната состојба, езерото на одредени места е повлечено и до 300 метри од брегот“, стои во соопштението на „Илинден”.
Се оценува дека алармантната состојба со недостиг на вода засекогаш ќе го нарушат и уништат екосистемот на Преспанското Езеро.
„Значењето на Езерото е огромно и за Македонците од областа Мала Преспа кои егзистенцијално се поврзани со Преспанското Езеро. Економските импликации по населението кое живее околу езерото се катастрофални, страда земјоделието, риболовот и туризмот“, наведува друштвото.
Согледувајќи ги последиците, сметаат од друштвото, итно треба да преземат мерки за санирање на неповолната состојба на Преспанското Езеро.