„Преспа е убав град во Македонија“ – вели Мицкоски промовирајќи го „Новиот завет“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Нов завет“ е името на новата изборна програма која ја изготвува ВМРО-ДПМНЕ, откри вчера во Битола лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

„Политиката е динамичен процес, еднаш победувате, друг пат губите. Се разбира ги анализираме грешките во минатото и врз основа на тие грешки носиме заклучоци како да продолжиме во иднината. Мислам дека извлековме поука од грешките што ги правевме во минатото и истите ќе ги коригираме за во иднина“, рече Мицкоски.

Што се однесува до информациите дека Република Северна Македонија е најверојатното решение за спорот со името и можниот договор во Преспа, Мицкоски одговори:

„Тоа се новинарски шпекулации, полуинформации, полувистини. Ние сме надвор од процесот, комплетно сме исклучени од каква било информација, она што најчесто го добиваме како информација е од новинарски текстови и она што кај нашиот јужен сосед се лиферува како вест. Инаку Преспа е убав град во Република Македонија каде што има едно прекрасно езеро“.