Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од денес, 8-ми јануари, новиот, четврт албум на македонскиот етно-бенд „Баклава“, со едноставен наслов „IV“, е достапен на сите поважни дигитални платформи во светот: Spotify, Apple Music, iTunes, TikTok, Google Play/YouTube, Amazon, Pandora, Deezer, Tidal, Napster, iHeartRadio, ClaroMusica, Saavn, Anghami, KKBox, MediaNet, and Instagram/Facebook.
Од „Баклава“ уште не откриваат дали и кога може да се очекува и компакт-диск форматот на албумот во издание на некоја домашна или светска музичка издавачка куќа. Сепак, најважно е што албумот е достапен за обожавателита на „Баклава“, како во Македонија, така и надвор од неа.
Албумот обоен со најубавите бои на музиката, содржи вкупно 13 песни, меѓу кои и: „Невен“, „Рубин“, „ Chocolate “ (feat. „Суперхикс“, „Рузмарин“ (feat. Дарко Рундек), за која е снимен и видео-спот.