Прескокната интонацијата на националните химни при пречекот на Ципрас


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вообичаената пракса кога во официјална посета на една држава ќе допатува некој висок странски политички претставник да се интонираат химните на земјата домаќин и на земјата од каде што доаѓа гостинот беше прескокната при пречекот на грчкиот премиер Алексис Ципрас на платото пред владината зграда во Скопје.

Откако јавноста го постави прашањето – дали тоа е намерно, затоа што во текстот на химната се споменува името – Македонија, а не новото уставно име на државава, од владата изјавиле дека протоколарните свечености биле изоставени поради доцнењето на авионот на Ципрас, со цел да се добиело време за исполнување на работната агенда.